Економија
Инфлацијата во март во еврозоната се намали на 2,4 отсто
03.04.2024г.
Годишната стапка на инфлацијата во еврозоната во март е намалена на 2,4 отсто во однос на февруари кога изнесуваше 2,6 отсто, објави денеска Евростат.
Цените на енергијата во еврозоната се намалени за 1,8 отсто на меѓугодишно ниво, а цените на услугите се зголемија за четири отсто.
Цените на храната, алкохолот и тутнот се зголемени за 2,7 отсто, а цените за индустриските производи освен енергијата се повисоки за 1,1 отсто.
На месечно ниво цените во еврозоната во март пораснале за 0,8 отсто.
Годишната стапка на базната инфлација во еврозоната во март е намалена на 2,9 отсто. Во февруари годинава базната инфлација изнесуваше 3,1 отсто.
фото freepic