Економија
Мартовската инфлација во Турција достигна рекордно ниво
03.04.2024г.
Годишната стапка на инфлација во Турција во март изнесува 68,5 отсто и го достигна највисокото ниво во последните 16 месеци, објави денеска Турскиот институт за статистика Туркстат.
Инфлацијата во минатиот месец забележа забрзување во однос на февруари годинава кога беше 67,07 отсто.
Во март на годишно ниво најмногу пораснале цените во секторот за образование и тоа за 104,07 отсто, како и цените за услугите во хотелите, кафулињата и рестораните за 94,97 отсто. Цените во секторот здравство пораснале за 80,25 отсто и во транспортот за 79,92 отсто, пренесува „Танјуг“.
фото freepic