Економија
Летово инфлацијата во Германија ќе падне под два отсто
02.04.2024г
Очекувањата за движењето на цените на германските компании во март се намалени на најниско ниво во последните три години, а во наредните месеци инфлацијата во Германија би требало да падне под проектираната стапка на Европската централна банка, објави институтот ИФО.
- Ова лето инфлацијата ќе се намали под два отсто. Од германската перспектива, нема причина зошто ЕЦБ да не ги намали каматните стапки, изјавија од ИФО.
Инфлацијата во Германија е намалена на 2,7 отсто во февруари годинава. Креаторите на политиките на ЕЦБ се повеќе го поддржуваат ставот за намалување на каматните стапки, а прогнозите се дека тоа би се случило на состанокот кој е закажан за мај годинава, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic