Економија

Во Полска се враќа ДДВ-то за храната

01.04.2024г

Од денска во Полска се враќа на сила стапката за додадена вредност за храна и ќе изнесува пет отсто. Во февруари 2022 година стапката на овој данок за храната беше намалена на нула, поради високата инфлација, објави агенцијата ПАП.

Инфлацијата во Полска нагло порасна како последица на глобалната криза и пандемијата со коронавирусот. Во Полска инфлацијата достигна 18,4 отсто на годишно ниво, а полската влада одлучи да ја намали стапката на ДДВ на нула отсто.

Во февруари годинава инфлацијата во земјата иснесуваше 2,8 отсто и затоа нема повеќе причина за примена на оваа мерка. Повторно ДДВ од пет отсто се пресметува за за основните призводи: месо, риба, леб, млеко и млечни производи, јајца, овошје и зеленчук.  Централната банка на Полска прогнозира дека враќањето на ДДВ-то за храната ќе ја зголеми годишната инфлација за 0,9 процентни поени, пренесува ПАП. 


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО