Економија

Германија затвори седум електрани на јаглен

01.04.2024г

Седум електрани на јаглен во Германија се затворени за Велигденските празници затоа што се намалиле потребите за електрична енергија. Во октомври лани германската влада одобри повторно анктивирање на неколку електрани на јаглен за да се спречи недостигот на електрична енергија во текот на зимата, поради намалување на увозот на руски гас.

-       Поради вложување на климатската криза, исклучувањето на електраните на јаглен е важна мерка за намалување на емисијата на стакленични гасови, изјави Кетрин Хербенгер, пратеничка од Партијата на зелените.

Владата во Берлин останува посветена на целосно напуштање на производството на електрична енергија произведена од јаглен до крајот на 2030 година.

Во Европа јагленот се помалку се користи но тој останува главен фактор за загадувањето. Првите десет места на европската листа за најголеми загадувачи се однесуваат на електраните на јаглен. Тие најмногу се наоѓаат во Полска и Германија. Овие електрани се одговорни за емисијата на една четвртина  од штетните гасови во енергетскиот сектор, објави НИН.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО