Економија
САД го ограничува извозот на чипови за Кина
01.04.2024г
Новите рестрикции на САД на извоз на чипови за вештачка инетелегенција и алатки за правење на чипови во Кина претставува пречка за трговијата меѓу двете земји, изјави Хе Јадонг, портпарол на кинеското министерство за трговија.
- САД ги прошири неоправдано новите правила и ги заостри контролите. Тоа предизвикува нова препрека во соработката меѓу американските и кинеските компании. Ова создаде и голема несигурност за светската индустрија на полупроводници, изјави Хе Јадонг, пренесува „Ројтерс“.
Кина е подготвена да работи со сите за јакнење на заедничката соработка и промоција на сигурноста и стабилноста на светската индустрија на полупроводници и во синџирите на снабдување, порача Јадонг.
На 29 март администрација на претседателот на САД Џозеф Бајден ја ревидирала регулативата со која на Кина и се отежнува и ограничува испораката и пристапот на американските чипови за вештачка интелегенција. Овие правила ќе стапат на сила 4 април годинава.
фото freepic