Финансии / Банкарство

Домаќинствата во еврозоната се претпазливи при земањето кредити

28.03.2024г.

Домаќинствата во еврозоната продолжуваат да бидат внимателни при задолжувањата во банките, се заклучува во извештајот на Европската централна банка за монетарните движења во февруари.

Кредитирањето на домаќинствата во еврозоната во земјите од еврозоната пораснале за 0,3 отсто на меѓугодишно ниво, што е најспор годишен раст од март 2015 година. Вкупната вредност на кредитите за приватните компании во февруари се зголемиле за 0,4 отсто, објави ЕЦБ.

Во јануари годинава е забележан раст на кредитите за 0,2 отсто. Вредноста на монетарниот агрегат М3 на вкупните ликвидни средства на еврозоната во февруари порасна за 0,4 отсто, а вредноста на монетарниот агрегат М1, кој ги опфаќа парите во оптек, паднаа за 7,7 отсто во однос на истиот месец лани, пренесе „Еуроњуз“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО