Вести
Субвенционираната нафта за земјоделците им создава проблеми на сопствениците на пумпи
22.03.2024г.
Сопствениците на приватните пумпи во Србија покренаа иницијатива за измени на постојниот начин на продажба на дизелот за земјоделските производители, како и за зголемување на продажната маржа за ова гориво од сегашните 13 на 18 динари. Поради ваквата ценовна политика минатата година во Србија биле затворени 35 приватни бензиски пумпи претежно во внатрешноста на земјата, пишува Политика.
- Ограничувањето на цената на дизел горивото на 179 динари за литар не е доволно и потребно е да се зголеми и цената по која земјоделците ќе можат да купуваат гориво на пумпите. Притоа земјоделците имаат право и на поврат на акцизите од 50 динари. На крајот тие плаќаат 129 динари за еден литар евродизел, што е помалку за 71 динар од редовната цена за сите други потрошувачи, се наведува во инцијативата поднесена од 120 сопственици на бензиски станици во Србија, која беше доставена до надлежните министерства.
Со Уредба на Владата на Србија беше ограничена висината на цената на дериватите на продажните места на НИС со ограничување на максималната цена на евродизелот од 179 динари, а земјоделците можеа да наточат максимално 100 литри за еден хектар, а најмногу до сто хектари. На овој начин беше спречена препродажбата на горивото кое беше плаќано по субвенционирана цена, бидејќи земјоделските картички беа отстапувани на возачи на автобуси, камиони и лица со приватни патнички возила.
фото freepic