Вести
Франција ја презема водечката улога на производство на вино
18.03.2024г.
Производството на вино во Европа е на најниско ново во последните шест години. Според податоците на Меѓународната организација за лозарство и винарство, минатата година се произведени 15,7 милијарди литри вино, во споредба со 16,9 милијарди во 2022 година. Ова е најниско ниво од 2017 година, а 13 земји се соочиле со намалено производство на вино, објави РИА Новости.
Франција, која минатата година ја презема улогата на водечки производител на вино во Европа, за прв пат од 2014 година, го намали производството за 0,1 отсто на 4,6 милијарди литри. Италија падна на второ место со намалено производство за речиси 12 отсто, односно на 4,4 милијарди литри. Шпанија, која забележа намалено производство од 14 отсто е на трето место со 3,1 милијарди литри.
Од поголемите производители на вино, најголем пад од 45 отсто оствари Грција со производство од 114 милиони литри и во Молдавија со намалување од 10 отсто и достигна производство од 126 милиони литри. Намалено производство на вино лани имало и во: Австрија, Бугарија, Кипар, Луксембург, Малта, Словачка, Чешка и во Хрватска.
Производството на вино пораснала во седум држави, најмногу во Романија за 15 отсто на 435 милиони литри, а раст има и во Унгарија, Германија, Португалија, Словенија и Швајцарија.
Руските производители на вино лани го зголемиле производството за 0,2 отсто на 490 милиони литри. Русија останува на шесто место според производството на вино во Европа, пренесува порталот Екапија.
фото freepic