Вести
Бугарија ја намали годишната стапка на инфлација
14.03.2024г.
Во февруари поскапеле угостителските услуги во Бугарија
Годишната стапка на инфлација во Бугарија во февруари се намали на 3,3 отсто и е на најниско ниво од јули 2021 година. Инфлацијата во јануари кај нашиот источен сосед изнесуваше 3,8 отсто, објави денеска бугарскиот Национален институт за статистика.
Цените на храната и безалкохолните пијалоци во февруари пораснаа за 3,2 отсто, а исто толку поскапеле и мебелот и апаратите за домаќинство. Цените во областа на здравството се повисоки за 6,2 отсто, комуникацииите за 0,8 отсто, а услугите во рестораните и хотелите се повисоки за 8,7 отсто.
Во ставката на трошоци за облека и чевли има намалување на цените за 0,3 отсто и во областа на рекреацијата и културата за 0,7 отсто.
На месечно ниво цените во Бугарија во февруари пораснале за 0,3 отсто.
фото freepic