Вести

Во Хрватска и годинава се избираат најдобри нови зборови

13.03.2024г.

Нови хрватски зборови за инфлуенсер, хет трик, ватерполо...

Трогодак, рабљаоница, промописац се дел од предлозите за нови хрватски зборови, кои пристигнале на натпреварувањето кое секоја година го спроведува списанието „Језик“. Станува збор за награда која се доделува за најдобар хрватски збор за која годинава се јавиле 113 лица со 303 збора. Но ниеден пристигнат предлог не доби доволно гласови од комисијата за доделување на трите први награди во износ од 600, 400 и 200 евра, објави ХРТ.  

Секоја година списанието „Језик“ ја доделува наградата за најдобар нов хрватски збор. Меѓу пристигнатите предлози кои добиле пофалница се  утјецајник, утјецатељ и утјецајац како замена за зборот инфлуенсер. Зборот трогодак е предложен за спорсткиот термин хет трик. Овој збор се употребува за постигнување на три погодоци од еден играч во ист натпревар.

Meѓу подобрите предлози се и зборовите рабљаоница или рабљенарница за продавниците за стара облека (second hand shop), a промописац е замена за англискиот збор copywriter.

За ватарполо предложен е хрватскиот израз водомет.

Во 2023 година, според изборот на стручната комисија, во најтесниот круг на нови зборови во хрватскиот јазик беа избрани:

димодојавник - (детектор за чад/дим);

изазор - (ретровизор);

јавнозборац/јавнозборство -  (ПР);

круготок - (кружен тек);

обрубник - (лајсна);

отпадалиште - (место за оставање на отпад);

преструјник - (адаптер за струја);

придатак - (plug in);

пријеводници(текст на титл);

приказник(display),

шечерице - (растенија од кои се проиведува шеќер);

закључак - (lockdown),

знојалиште - (сауна).


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано