Бизнис
Мизо: Професионализација на државните институции и нов модел за СДИ
08.03.2024г.
Компаниите предлагаат нова стратегија за привлекување на инвестициите
За да ја унапреди вкупната конкурентост на домашната економија, земјата мора да привлече и нови инвестиции од странство, за што неопходно е да се воспостави нова стратегија, вклучувајќи и нов модел што ќе биде атрактивен за инвеститорите. Како Македонија 2025 нудиме нова стратегија за привлекување на странските директни инвестиции, која ги зема предвид конкурентските предности што ги нуди нашата земја, изјави Виктор Мизо, членот на Одборот на директори на организацијата при промоцијата на планот Една визија за забрзан раст.
За да се привлечат нови инвестиции од надвор треба да се изградат и ефикасни агенции кои навистина ќе им овозможат брзо да ги реализираат своите инвестициски проекти во нашата земја.
- Треба да се направи редизајнирање на мерките и стимулациите за странските дирекни инвеститори, дали преку фискални или даночни поволности, или да се види што значи да се прифати новиот глобален данок од 15 отсто, дополни Мизо.
Во делот од мерките за подобрувањето на инвестициската клима во земјата, тој ги наведе и професионализацијата на институциите кои се надлежни за привлекување на СДИ, како и реорганизација на сите институции во една институција, со што би се спречил паралелизмот во оваа сфера, а која креираше двоумење кај потенцијалните инвеститори, за преземање на идни активности.
Виктор Мизо го отвори и прашањето за поставување на државата во однос на геополитичките односи и посебно во однос кон Кина, каде што се забележува извесно репозиционирање на инвестициите.