03.03.2024г.
Џефри Сакс специјален гостин на регионалниот бизнис форум на Копаоник
Светски признатиот стручњак од областа на одржлив развој Џефри Сакс, кој е професор на Универзитетот Колумбија, ќе биде специјален гостин на 31. Копаоник бизнис форум , кој започнува денска и ќе трае до шести март. Централна тема на годинашниот бизнис форум ќе биде „Новиот глобален контекст: Предизвици на неизвесната иднина“.
Копаоник бизнис форум денеска почнува со „нулта“ денот и предвидени се две панел дискусии за макроекономнските прогнози за Западен Балкан и за Србија во 2024 година.
Во понеделник е официјалното отворање на Форумот со уводниото излагање на гувернерката на Народна банка на Србија Јоргованка Табаковиќ и министерот за финансии на Србија Синиша Мали. Во продолжението на дебатата ќе се разговара за можностите за проширување на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан, за дигиталната трансформација, климатските промени и регионалната соработка.
Ќе бидат отворени и темите за иднината на автомобилската индустрија, промените во индустријата за осигурување , за проблемот за недостиг на квалитетна работна сила, и недоволната конкуренбтност на српската економија, информираат медиумите во Србија.