Вести

Германската пиварска индустрија во криза

02.03.2024г.

„Црна“ година за германските пивари

 

Германските пивари продолжуваат да се соочуваат со намалена продажба, а минатата година продале вкупно 8,4 милијарди литри околу 4,5 отсто помалку во однос на 2022 година, објави заводот за статистика на Германија Дестатис.

Со ова продолжува повеќегодишниот негативен тренд на германските пивари. Од 1993 година продажбата на пиво во Германија е намалена за повеќе од четвртина, пишува ДПА. Главна причина за намалената потрошувачка на пиво  е демографскиот развој во Германија и поголемата популарност на безалкохолните пијалоци.

Минатата година извозот на пивото од Германија бележи пад од 5,9 отсто, а има и помала продажба на домашниот пазар, каде намалувањето е за 4,2 отсто.

Здружението на пивари во Германија 2023 ја прогласи за „црна година“ за германската пиварска индустрија. Пиварите се изложени на високите производни трошоци, намалената побарувачка и ценовниот притисок во малопродажбата, поради високата инфлација, се заклучоците на Здружението на пивари во Германија, пренесува Бизнис.рс.

фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано