Вести
Слободни работни места во последниот квартал од 2023 година
01.03.2024г.
По градежниците, слободни работни места има и за службеници!
Во Македонија во четвртото тримесечје од 2023 година, имало 9 518 слободни работни места, а најмногу работници недостасувале во преработувачката индустрија, градежништвото и трговијата. Во наведениот период стапката на слободни работни места изнесува 1.90 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 отсто има во секторот градежништво со 983 слободни рабони места. Во преработувачката индустрија имало 2 674 слободни места, а во трговијата 1795.
Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,05 отсто. Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.62 отсто и нивниот број изнесува 1411.
Најмногу слободни работни места според занимања, имало во групата на услужни дејности и продажба 2 656 и во групата ракувачи и составувачи на машини и постројки 1 204. Во истиот период имало 1 157 слободни работни места за службеници.
фото freepic