Вести

Акционерите на АЛКАЛОИД ќе поделат повисока дивиденда за 2023 година

Во согласност со долгогодишната практика, АЛКАЛОИД АД Скопје предвидува алоцирање на дел од нето-добивката на компанијата за дивиденда и за персонален данок, додека, пак, остатокот е за инвестиции.

За распределба се предлага дел за дивиденда и персонален данок на личен доход во износ 772.930.620 денари. Вака распределената нето-добивка овозможува на акционерите да им биде исплатена дивиденда од 540 денари бруто за една акција што претставува зголемување од 10,2% во однос на исплатената дивиденда за 2022 година на нето основа.

Остатокот од добивката во износ од 747.616.194 денари се предлага да се распредели за инвестиции како поддршка на производствените програми и бизнис потреби, а се со цел одржување на долгорочниот раст и јакнење на Компанијата.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано