Вести
Како Galaxy AI на вашиот телефон ви ја зголемува продуктивноста?
29.02.2024г.
Современето живеење сé поинтензивно е проследено со вештачка интелигенција. Во деловното работење, на пример, Chat GPT со молскавична брзина за многумина стана секојдневна алатка при извршување на работните задолженија, а новата серија на премиум телефони Galaxy S24 на почетокот од годинава се претставија со нови неверојатни функции со вештачка интелигенција создадени токму да го следат вашиот работен ден. Сега со ваквите алатки на вашиот Galaxy S24, Galaxy S24+ или Galaxy S24 Ultra, вештачката интелигенција е секаде каде што сте и вие, па така продуктивноста, пред сé во контекст на комуникациите, вртоглаво расте.
Организацијата доведена на највисоко ниво
Иако нашите телефони нудат лесен начин за бележење на идеи, истражувачки проекти и договарање состаноци, организирањето на сето тоа на рачен уред може да биде предизвик. Меѓутоа, со помош на прилагодливите Galaxy AI* способности, уредите од серијата Galaxy S24 интелигентно го организираат вашиот телефон бидејќи вашите документи и планови треба да бидат соодветно распределени. На пример, додека работите на одреден проект, сфаќате дека релевантните ресурси што ви се потребни се расфрлани насекаде – долги е-маилови, детални написи или анализи, PDF-датотеки и многу повеќе. Кога би можеле сè да соберете во еден кохезивен формат, тоа ќе ви заштеди часови на макотрпно запишување и конверзија на датотеки.
Токму затоа тука е функцијата Помош за белешки (Note Assist), со која можете да генерирате, читате и зачувувате скратени верзии на сите ваши материјали со неколку допири со прстот, трансформирајќи го секојдневниот проток на документи во добро структурирана архива. Кога ќе повлечете документ, функцијата Помош за белешки (Note Assist) од вас бара да ја зачувате неговата содржина директно во апликацијата Samsung Notes. Таму, функцијата може автоматски да го форматира текстот и да ги коригира правописните грешки пред да создаде едноставно или детално резиме со клучни точки на целиот документ над главниот текст за да можете да ги видите сите тие точки на прв поглед секогаш кога ќе ви затреба. Извонредно, за не? Функцијата, исто така, може да извлекува и резимира текст директно од физички книги и документи и може да преведува белешки на други јазици, додека нејзините способности на Помош за пребарување (Browsing Assist) може да претворат долги, детални написи во кратки резимеа.
Понатаму, кога сте по состаноци, знаете дека е потребно да фаќате детални белешки, а истовремено да бидете фокусирани и да учествувате во состанокот. Токму за ова ќе ви помогне функцијата Помош за транскрипција (Transcript Assist) која создава целосни, точни записи од состаноци и разговори. Едноставно снимајте го состанокот користејќи ја апликација за снимање на Samsung, и потоа оваа функција ќе ви понуди да го претвори снимениот разговор во текст, со реченици одвоени според поединечните говорници. Откако ќе го добиете вашиот препис, можете да го споделите со вашите колеги или да го испратите во Samsung Notes и да додадете резиме генерирано од вештачка интелигенција со помош на претходно споменатата функција Помош за белешки (Note Assist).
Нов свет на комуникација со Galaxy AI
За бизнисите денес не постојат граници или различни временски зони кога сте во потрага по нови пазарни можности. Точноста и брзината се задолжителни, а уредите од новата серија Galaxy S24 им помага на професионалците поефикасно да соработуваат без разлика дали работат од канцеларија, од дома или од некое друго место. Вашите текстуални пораки, маилови до клиенти или колеги со Galaxy AI ќе бидат преведени и приспособени на тон за професионална комуникација. Со функцијата Помош за разговор (Chat Assist) ви се нудат различни опции генерирани со вештачка интелигенција за тоа како да ги реструктуирате пораките и стилот на пишување за да го добиете вистинскиот тон. Без разлика дали се работи за изработка на привлечна објава на социјалните мрежи или формална е-пошта, оваа функција е достапна директно од тастатурата на Samsung, така што можете да ја користите на која било апликација и да бидете сигурни дека сте ја избрале соодветната белешка секој пат. И ако комуницирате со соработници од странство, достапноста на функцијата Помош за разговор (Chat Assist) на 13 јазици ви овозможува сето тоа да го правите на јазик што не го ни зборувате.
Тука е и можноста да разговарајте лице в лице без јазични бариери со функцијата Interpreter со која вашиот телефон е ваш личен преведувач во реално време. Бидејќи алатката хоризонтално го дели екранот на телефонот на два посебни екрани, веднаш ќе можете на соговорникот може да му прикажете преведен текст со придружен звук. Исто така, таа со избор на јазик што ви треба, непречено и професионално ќе комуницирате со сите околу вас.
Со Galaxy S24, Samsung ја користи вештачката интелигенција за да испорача нови димензии на лична удобност, продуктивност и комуникација во нашиот секојдневен живот. Влијанието ќе биде големо во областа на работењето, каде што продуктивноста во движење стана дел од работата.
*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.
Повеќе за новите модели од серијата Galaxy S24 прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24-ultra/