Вести

Парното за деловните субјекти ќе поевтини за 35 отсто

29.02.2024г.

Февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници, јавните институции ќе бидат пониски за 35 отсто, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија. Пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1200 корисници приклучени на централното градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Овие корисници трошат околу 20 отсто од потребните количини на топлинска енергија во Скопје, а меѓу нив се образовните институции, деловните објекти, мали дуќанчиња, компании, банки...

- Вонредната одлука доѓа по длабинската и вкрестена анализа  за актулените цени на берзата и прогнозираните цени на природен гас. Во изминатиот период  цената на природниот гас е пониска од предвидената.  За  домаќинствата нема да има намалување на цената, затоа што во изминатиот период добиваа сметки со субвенционирана цена на парното во висина од 20 отсто од потрошената  енергија, изјави Марко Бислимоски, престедател на РКЕ.

Вкупно 65 илјади потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија, а од почетокот на грејната сезона се приклучиле околу илјада нови корисници.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано