Вести
Црна Гора најавува ограничување на маржите за пет илјади производи!
29.02.2024г.
Ограничувањето на маржите би оставило 2.500 работници без работа
Околу 450 мали и средни претпријатија во Црна Гора не би можеле да опстанат, доколку се оствари најавата на Министерството за економски развој за ограничување на трговските маржи за речиси пет илјади производи, изјави Жељко Четковиќ, претседател на Здружението на мали продавници во Црна Гора.
Четковиќ посочува и дека никој не ги консултирал претставниците на малите и средни претпријатија за планот на црногроската влада за ограничување на маржите.
- Доколку се освои оваа мерка, малите и средни претпријатија нема да можат да опстанат. Околу 450 мали и средни претпријатија, со над 2.500 вработени сигурно би останале без работа. Не знам што мислат големите трговски синџири и производителите, рече Четковиќ, во разговор за РТЦГ.
Како што посочи тој, откупните цени на малите трговци се за 30 отсто повисоки од оние на големите синџири, бидејќи големите трговски фирми продаваат многу повеќе стоки и се интересни за сите трговци на големо.