Вести
Мало отстапување на економскиот раст на САД
29.02.2024г.
Наместо 3,3 отсто, како што покажуваа проценките објавени во јануари, обемот на БДП во најголемата светска економија порасна за 3,2 отсто на годишна основа.
- Корекцијата главно ја одразува надолната ревизија на приватните инвестиции, соопшти американското Министерство за трговија.
Стапката на економски раст на САД, во цела 2023 година, се задржа на 2,5 отсто, што е значително над нивото од 2022 година.
Многу аналитичари предвидуваа дека потрошувачката ќе го изгуби потенцијалот што беше забележан кон крајот на 2023 година, бидејќи домаќинствата ги трошат заштедите поради пандемијата ковид-19, а трошоците за задолжување останаа високи.
Воедно не се остварија прогнозите дека американската економија ќе влезе во рецесија. Ова го зајакнува оптимизмот дека инфлацијата ќе се забави со повисоки каматни стапки без да предизвика пад на економската активност, пренесува АФП.
фото freepic