Економија
Во Азија се создава нова светска економска сила
26.02.2024г.
Трговската напнатост меѓу САД и Кина го потикна брзиот раст на Виетнам, кој го добива статусот на светски производен центар. Во следната деценија оваа азиска земја ја очекува најбрзиот раст од 125 отсто на националното богатство, се процените на аналитичарите на компанијата „Њу ворлд велф“.
Во наредниот период Виетнам ќе оствари најголем пораст на БДП по жител и според бројот на милионери. Причината е тоа што земјата станува се поатрактивен производен центар на технолошките, автомобилските, електронските, текстилните и модни корпорации. Второто место, според економски раст, го зазема Индија, која до 2027 година, ќе стане трета економија во светот. Растот на индиската економија е проценета на 110 отсто.
Предноста на Виетнам се состои во тоа што има стратешка географска положба, која ја дели границата со Кина, има добра поврзаност со сите морски патишта, ниска цена на работната сила, а поседува и инфраструктрура која го потикнува извозот на производи. Поради трговските несогласувања меѓу Кина и САД, бројни мултинационални компании почаа да ги диверзифицираат производните капацитети во Виетнам.
Постојат и ризични фактори кои би го забавиле економскиот раст на Виетнам. Еден од нив е домашната работна сила која ќе мора дополнително да се образува, за да ги задоволи потребите на странските инвеститори, кои бараат работници за сложените работни места.
Во Виетнам живеат 19.400 милионери и 58 мултимилионери. Виетнамскиот БДП по жител пред 10 години изнесуваше 2.190 долари. Денеска, според податоците на Светската банка, изнесува 4.100 долари, пренесува Б92.
фото freepic