23.02.2024г.
Европската комисија состави листа на предлози за намалување на еколошките барања кон земјоделците и за поедноставување на административните оптоварувања за намалување на бројот на инспекциските посети на стопанствата за 50 отсто. Овие предлози ќе се најдат во понеделник на состанокот на министрите за земјоделство на 27 земји членки на Европската Унија, што ќе се одржи во Брисел.
Наспроти најавите на ЕК, протестите на европските земјоделци продолжуваат ширум Европа, а како главно барање беше поставено намалување на процедурите кои се предвидени со Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Земјоделските протести се насочени и против трговската конкуренција на евтини земјоделски производи од земјите надвор од Европската Унија, посебно од Украина, пренесува „Данас“.
фото: freepic