Вести

Колку чини стан на црногорското приморје?

23.02.2024г.

На крајот на минатата година цената  на становите во Црна Гора е за 25 отсто повисока година, во однос на 2022 година. На годишно ниво цената на квадратот е зголемена од 1.380 на 1.790 евра, покажуваат најновите податоци  за четвртиот квартал од 2023 година, што ги објави Управата за статистика Монстат.

Во Подгорица просечната цена за новоградба се зголемила од 1.470 на 1.860 евра. Цената за еден квадрат на црногорското приморје е за околку 90 евра пониска од главниот град на Црна Гора. Квадратот на становите на приморјето чини 1.770 евра.

Поевтинувањето на становите има единствено на северот од земјата за 180 евра по квадрат, а на крајот на декемвври лани изнесувал 1.090 евра.

Податоците на Монстат се зансоваат на информациите од склучените договори за купопродажба меѓу инвеститорите, за станови кои првпат се продаваат на пазарот. Со методологијата на државниот завиод не се опфатени  продажбата на становите во посебните туристичко-станбените зони, како што се Порто Монтенегро и други станбени коплкекси, кои се опфатени со т.н. програми за економски државјанства. Тоа е причината зошто цените на становите во приморскиот регион се пониски во однос на главниот град.

Цената на квадратот во последните три месеци од 2023 година во солидарната станбена градба и од синдикалните фондови  изнесува 589 евра, објави Вијести.ме. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано