Економија

Пад на германската економија од 0,3 отсто

23.02.2024г.

Во четвртиот квартал од 2023 година, германската економија падна за 0,3 отсто во однос на претходниот квартал и за 0,2 отсто во однос на четвртиот квартал од 2022 година,објави германскиот Сојузен завод за статистика Дестатис.Германската економија беше во стагнација во првите три квартали од минатата година, но економските перформанси се намалија во четвртиот квартал од 2023 година, главно поради падот на бруто инвестициите во градежниот сектор и производството на машини и опрема, се вели во извештајот.

Дестатис ја потврди својата претходна прогноза, наведувајќи дека германската економија паднала за 0,3 отсто на годишно ниво во 2023 година, откако пораснала за 1,8 отсто во 2022 година.

Затоа, германската економија ја заврши 2023 година во црвено. „Во последниот квартал падот на инвестициите ја забави економијата, додека потрошувачката благо се зголеми“, изјави Рут Бренд, претседателката на Дестати, пренесува „Политика“.

 

ПРЕПОРАЧАНО