Економија

Српската влада го продолжи ограничување на цените на брашното Т-500 и Т-400

23.02.2024г.

Цените на брашното од типот Т-500 и Т-400 ќе бидат ограничени до крајот на мај 2024 година. Владата на Србија вчера донесе нова  уредба со која се продолжува рокот ограничување на цените на основните прехранбени производи, која се применуваше до 29 февруари. Максималната цена на брашното Т-500 и според новата уредба не смее да се продава над 49,99 динари по килограм. Највисоката малопродажна цена на брашното Т-400 може да изнесува 54,99 динари за килограм.  

Со новата уредба на српската влада, трговците на мало кои продаваат прехранбени производи  се обврзуваат  во структурата на дневната понуда на сите видови брашно од типот Т-500 да имаат најмалку една трговска марка од брашното Т-500  во пакување од еден килограм, чија цена не смее да надминува максималната вредност од 49,99 динари. Истото важи и за брашното од тип Т-400, чија максимална цена е 54,99 динари. Максималната производна цена на брашното Т-400 треба да изнесува 45 динари за килограм.

Максималната производна цена на брашното  Т-500 во пакување од еден килограм изнесува 40,9 динари.

Производителите на брашно се обврзани  да  испорачаат на трговците 50 отсто од месечните количини, кои биле доставувани за истиот период од минатата година. 

За непочитување на оваа уредба за ограничување на цените на брашното предвидени се казни од 100 илјади до два милиона динари, како и затворање на продавницата на период од шест месеци до една година.

Уредбата стапува на сила од 1 март и ќе важи до 31 мај годинава.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано