Вести
Три земји поседуваат над 50 отсто од светските резерви на ураниум
22.02.2024
Австралија, Казахстан и Канада поседуваат повеќе од 50 отсто од светските резерви на ураниум. Најбогати резреви од 1,7 милиони тони ураниум поседува Австралија, или 28 отсто од светските резерви, Казахстан има 815.000 тони или 13 отсто, а Канада има 589.000 тони или 10 отсто од резервите, пишува порталот Оилпраис.
Значајни наоѓалишта на ураниум има и во Русија, Намибија, Јужна Африка, Бразил, Нигер и Кина.
Со новите истражувања се откриваат нови наоѓалишта на ураниум, што придонесува за зголемување на познатите резерви. Вкупната количина на светски ураниум не е точно позната. Постојните резерви на ураниум во светот се зголемија за околу 25 отсто, само во последната деценија благодарение на подобрата технологија, која ја применуваат компаниите во истражувањата на рудните наоѓалишта.
фото: freepic