Економија
Мексико врши реекспорт на кинеските производи во САД
22.02.2024
Кина испорачува се повеќе стоки во САД преку Мексико, заобиколувајќи ги острите царини наметнати од администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и кои ги одржува сегашната администрација на Вашингтон.
Во првите три квартали од минатата година од Кина во Мексико биле испорачани 881.000 контејнери, додека во истиот период во 2022 година биле 689.000, пишува „Фајнанс тајмс“.
Порастот на испораките со контејнери од Кина до Мексико се совпадна со пробивот на Мексико како број еден извозник на стоки во САД, пред Кина. Воедно продолжи да растат и прекуграничните испораки со камиони во САД.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, се обидува да ја ограничи зависноста на Америка од глобалните синџири на снабдување во кои доминира нивниот геополитичкиот ривал Кина
Аналитичарите потсетуваат дека САД се најголемиот светски потрошувач на стоки, додека Кина е најголемиот светски производител, што ја прави нивната соработка неизбежна. Како резултат на царините, пратките кои доаѓаат директно од Кина ,сега сочинуваат помалку од 15 отсто од американскиот увоз.
фото: cepr.org