Вести

Станбената криза во Германија ќе се продлабочува

21.02.2024г.

Изградбата на нови станови во Европа значително ќе ослаби во наредните години поради големите трошоци, објави германскиот институт ИФО. До 2026 година во Европа ќе има околу 1,5 милиони нови станбени единици, што е за 13 отсто помалку од 2023 година. Овие прогнози се направени врз основа на проекциите на мрежата на европскиот институт Еуроконструкт.

Во анализата за станбената изградба се опфатени: Германија, Франција, Шведска, Данска, Австрија, Белгија, Чешка, Финска, Унгарија, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Словачка, Велика Британија и Ирска.

Во наредните две години бројот на  новоизградени станови најмногу ќе се намали во Шведска за 47 отсто во однос на 2023 година, покажува истражувањето на Еуроконструкт. Следи Германија со пад на бројот на новите станови за 35 отсто. Во Франција новоградбата на станови ќе се намали за 22 отсто, а во Данска за 19 отсто.

Во Ирска, Словачка и Велика Британија се предвидува раст на нови станови за 16 односно за 14 и 12 отсто.

Поради високиот и брз раст на трошоците за градба и за финансирање речиси е неможно да се градат нови станови во Германија, изјави Лудвиг Дормајстер, екперт во институтот ИФО од Минхен.

Според прогнозите на Еуроконстракт во Германија моментално недостасуваат 600 илјади станови, а овој број може да се зголеми на 830 илјади до 2027 година, пренесува Индекс.хр.


 

фото: freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано