Вести

ДСЗ: Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2023 година изнесува 2.05 %

07.12.2023г.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 2.05 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.11 % има во секторот В - Преработувачка индустрија, додека најмала е стапката во секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.27 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.41 %.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.69 %.

Најголем број слободни работни места, односно 3 072, има во петтата група занимања - Работници во услужни дејности и продажба.


извор:ДЗС

 

ПРЕПОРАЧАНО