Вести

ДЗС: Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје од 2023 година е 1.2 %

07.12.2023г.

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје од 2023 година е 1.2 %.
Во третото тримесечје од 2023 година, поголем пораст е забележан во секторите: И - Финансиски дејности и дејности на осигурување од 6.6 % и Ј - Дејности во врска со недвижен имот од 5.6%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2023 година, номинално расте за 9.1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 72.9 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 2.7 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 9.1 %.
извор: ДСЗ

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано