Вести

Франција вложува 1,4 милијарди евра за чиста Сена за време на ОИ 2024

01.12.2023г.

Реката Сена треба да биде местото каде за време на летните Олимписки игри идната година во Париз треба да се натпреваруваат пливачите маратонци, како и триатлонците, а организаторот на Игрите вложува големи средства за сè да мине во најдобар можен ред.

Организаторите на Олимписките игри 2024 во Париз најавија денеска дека ќе вложат 1,4 милијарди евра со цел натпреварувачите да имаат совршени услови во Сена.

Најголемиот дел од парите ќе бидат вложени во резервоари за складирање на дождовницата, а потоа ќе бидат искористени за да се спречи загадувањето на реката.

Организаторите секојдневно ќе го проверуваат квалитетот на водата во реката пред и за време на Игрите идното лето.


 

извор: МИА

фото:https://www.freepik.com/

ПРЕПОРАЧАНО