Lifestyle
ВКУСОТ НА ЕВРОПА
Лидија Георгиева | авторот е дизајнер, редовен професор
Економија и бизнис | печатено издание | јули/август 2023г.
Автентична и специфична за секој регион, гастрономијата е драгоцен дел од светското културно наследство. Како израз на посебноста на одредена земја, таа е воедно и составен елемент од туристичката атракција и понуда. Изминатава пролет беше интересна, се чинеше дека како по договор неколку европски амбасади во Скопје одбраа во рамките на своите дипломатски активности со обмислени настани да вклучат презентирање на атрактивните вкусови на својата земја. Имав можност да присуствувам на тие гастрономски задоволства, па на тој начин да се потсетам и накратко да се транспортирам во Шведска, Франција, Шпанија и Холандија. Летото замина, но да уживаме заедно во вкусовите на Европа.