Економија

БИЗНИС: Податоци и одржливост − новите движечки сили на успехот во 21 век

Економија и бизнис | печатено издание | јули/август 2023г.

Во денешната дигитална ера, податоците станаа главен двигател кој го поттикнува успехот во сè повеќе конкурентната средина. Со својата експертиза во полето на управување со побарувањата, ЕОС како меѓународна компанија од прва рака го сведочи трансформативното влијание на податоците врз секојдневните операции и врз индустријата како целина. Од проценување на ризикот и информирано донесување одлуки, па сè до стратешко планирање за долгорочно усовршување на процесите, важноста на податоците не може да се потцени.
Податоците служат како основа за информирано донесување одлуки во финансиските институции, како и во сите останати видови организации и индустрии. Покрај секојдневната употреба на податоците за донесување одлуки, кога ќе погледнеме пошироко, преку анализа на огромни количини на информации, можеме да ги идентификуваме трендовите на пазарот, однесувањето на клиентите и корисниците и преку тоа да ги дефинираме профилите на ризикот.
Во EOС, особено во изминативе неколку години, ги препознаваме податоците и технологијата како една од најважните алатки кои ни овозможуваат да бележиме континуиран раст во променливи и турбулентни услови. Податоците ни овозможуваат да донесуваме одлуки засновани на точни и прецизни податоци, ефикасно да ги управуваме ризиците и да ги искористиме можностите кои ги нуди пазарот. Со вистинските алатки за анализа на податоци и искористување на тие податоци со соодветната технологија успеваме да се справиме со предизвиците со поголема сигурност и да ги оптимизираме своите операции.
Покрај тоа, податоците го подобруваат нашиот однос со клиентите и со корисниците на нашите услуги. Со правилно користење на податоците можеме да персонализираме услуги, да ги предвидуваме потребите и да испорачуваме прилагодени решенија. Ова ниво на персонализација поттикнува посилни односи со клиентите, гради доверба и ја зголемува лојалноста. Во ерата кога клиентите бараат прилагодени искуства, информациите базирани на податоци ни овозможуваат да останеме во тек со трендовите и да ги исполниме растечките очекувања.
Соодветната употреба на податоците може да донесе одлични резултати и во областа на корпоративната одговорност, во делот на одржливоста. Одржливоста како заложба која опфаќа повеќе различни активности и области на дејствување, заедно со нашите процеси засновани на проверени и безбедни податоци, ни овозможуваат да поставиме мерливи цели и структури за да ги постигнеме тие цели.
Групацијата EOС ги дефинира своите цели за одржливост во стратегијата за корпоративна одговорност (Corporate Responsibility Model). Таа стратегија дава структура на нашата обврска и нè охрабрува да дејствуваме уште поодговорно потенцирајќи го фактот дека нашите одговорности опфаќаат многу повеќе од само заштита на животната средина.


За подетална разработка дефиниравме четири клучни области каде што EOС се стреми да направи промена кон подобро преку својата работа: одговорна наплата, заеднички напредок, финансиска одржливост и заштита на животната средина. Како меѓународен давател на финансиски услуги, ние се фокусираме пред сè на социјалниот и корпоративниот ангажман. Би сакале да ги промениме работите на подобро – не само за нашите вработени и клиенти туку и за корисниците и целата индустрија за наплата и управување со побарувањата.
Како еден пример за моќта на податоците во областа на одржливоста во Групацијата ЕОС е таканаречната „паметна наплата“ каде што во еден систем се развиваат 23 можни планови за плаќање: кој од нив нуди најдобар начин да се ослободат поединците од долгот? Колку подобро планот одговара на околностите на потрошувачот, толку е поголема веројатноста дека личноста ќе се ослободи од задоцнетото побарување. За да се обезбеди најголема можност за успех, EOС Аремас (EOS Aremas) во Белгија развива модели базирани на историски податоци кои сугерираат индивидуално прилагоден план за наплата на побарувањето за секоја личност. Првобитно се создадени 23 можни планови за плаќање на неисплатениот долг. Алгоритамот базиран на податоци потоа го избира планот со најголема веројатност за постигнување на плаќање и им нуди на потрошувачите одржлива отплата на долгот.
За крај би сакале да ја напоменеме и важноста на еден нов елемент кој сè почесто е актуелна тема во светските корпорации, а тоа е корпоративната дигитална одговорност (Corporate Digital Responsibility − CDR). Корпоративната дигитална одговорност е во голема мера реакција на општествениот развој. Доминацијата на интернетот со сите негови услуги го надмина законодавството и се наоѓаме во ситуација во која начинот на кој се управува со нашите податоци и нивното експлоатирање се целосно непознати за повеќето од нас како поединци. Како што светот станува дигитално зрел, недостатокот на транспарентност повеќе не е прифатлив. Нешто мора да се промени. Па, што прави ЕОС за да ја поттикне оваа промена? До денес, компаниите главно имаат слобода да ги користат податоците како што сметаат за соодветно. Сега законодавствата низ целиот свет веќе ги уредуваат начините на кои се прибираат, се чуваат, се процесираат и се споделуваат податоците. Министерството за правда на Германија воведе Кодекс за корпоративна дигитална одговорност, а слични програми се на сила во Франција, Полска, Велика Британија и Швајцарија, меѓу другите. Швајцарците, на пример, го воведоа она што го нарекуваат „Швајцарски дигитален знак на доверба“ кој им овозможува на компаниите да ја докажат својата посветеност кон корпоративната дигитална одговорност преку ревизии и сертификација од соодветните регулаторни тела.
ЕОС Македонија како компанија предводена од податоците и технологијата од секогаш дејствувала во согласност со највисоките стандарди за заштита и безбедност на податоците. Во периодот од 17 до 18 јануари 2023 година беше спроведена сертификациска ревизија на компанијата ЕОС Матрикс во Македонија за исполнување на одредбите од стандардот ISO 27701:2019 кој само ја потврди нашата определба за заштита на информациите поставена уште од 2016 година со воведување на сертификатот ИСО 27001.
Особено задоволство ни е што нашата компанија е четврта во земјава која се здоби со овој сертификат и единствена во финансискиот сектор која ги имплементираше овие стандарди.



Поддржано од EOS Matrix

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано