Интервјуа
Пљакоска: Електричните автомобили се возила на иднината
Интервју со Светлана Пљакоска, генерален директор на ОЛИМПИА МОТОРС АУТЛЕТ
26.07.2023г.
Автомобилската индустрија брзо се развива, а со развитокот сведоци сме на сѐ поголемата застапеност на електричните возила. Е-автомобилите се одржливо и иновативно решение кое помага во борбата со намалувањето на емисиите од штетни гасови и во креирањето на подобра иднина преку транспортот. Како генерален директор на Олимпиа Моторс Аутлет, Светлана Пљакоска е во првите редови при носењето на промените во навиките на купувачите на возила. Со широко разбирање на предностите и предизвиците поврзани со електричините возила, г-ѓа Пљакоска ја предводи Олимпиа Моторс Аутлет во грижата за растечката побарувачка за електрични возила и приспособување на нивните операции за да се задоволат потребите на клиентите.
За сознанијата за возилата на електричен погон и посветеноста на Олимпиа Моторс Аутлет во промовирањето на решенија за одржлива и позелена иднина разговаравме со г-ѓа Пљакоска.
- 1. Електричните возила добија значителна популарност во последните години. Како ја воочивте зголемената побарувачката за електрични возила и кои фактори мислите дека придонеле за тоа?
- Како компанија која го следи технолошкиот напредок, сакаме на нашите купувачи да им ги донесеме сите новитети и популарни модели на е-возила. Зголемувањето на бројот на електрични возила на пазарот се однесува на зголемената свест за грижа кон животната средина и потребата да се намалат емисиите од штетни гасови. Значајниот напредок во производството на електричните автомобили, доведе до зголемен опсег на возење, подобри перформанси на батеријата и подобра инфраструктура за нејзино полнење. Еден од најзначајните фактори се трошоците, кои кај електричните возила се пониски во однос на традиционалните возила, оперативните трошоци се пониски и бараат помалку средства за одржување. Цената на електричната енергија за полнење е значајно пониска од цената на бензин или дизел горивата.

- 2. Кои се според Вас клучните предности на електричните возила во споредба со традиционалните возила? И дали има некои предизвици или ограничувања кои сè уште треба да се надминат?
- Електричните возила нудат неколку клучни предности во споредба со традиционалните возила. Првата и најважна предност е заштитата на животната средина, следува постојаната борба за почист воздух, но и најважната борба, а тоа е борбата против климатските промени. Е-автомобилите се поефикасни од традиционалните автомобили бидејќи целата моќ се префрлува директно на тркалата. Како што кажав и претходно, електричните возила имаат пониски оперативни трошоци, полнењето на батеријата е поефтино од полнењето гориво во возилото. Електричните возила се потивки и обезбедуваат понепречено забрзување во споредба со класичните возила, што го подобрува искуството во возењето. Со напредокот на технологијата, се зголеми и достапноста на елкетричните возила на пазарот. Се поголем број модели на возила можат да се пронајдат во нашата понуда, тие доаѓаат во различни модели и типови согласно потребите на возачите. Многу потрошувачи се скептични околу овие возила, посебно кога патуваат на подолги релации. Причина за тоа е инфраструктурата за полнење, на која постојано се работи. Приоритетен предизвик за нас е подобрувањето на оваа ситуација и за неколку години да имаме полначи кои ќе бидат достапни насекаде и за сите.
- 3. Со подемот на е-возилата, како ја замислувате иднината на автомобилската индустрија? Што мислите, какво влијание ќе има ова врз традиционалните застапници?
- Со подемот на електричните возила, видлива е промената во автомобилската индустрија. Традиционалните производители на автомобили, се повеќе инвестираат во производство на електрични возила и транзиција на нивните модели во електрични возила. Во Европската унија во тек е иницијатива преку која се побарува до 2035 година да се забрани продажбата на традиционални возила на бензин и дизел и да се премине кон возила на електричен погон. Со тоа можеме да го воочиме подемот на е-возилата на европскиот, но и на светскиот пазар. Технолошките компании и стартапите влегуваат на пазарот, со фокус на електричните возила, кои воведуваат нови иновативни делови, модели и пристапи. Очекуваме баланс кој што компаниите ќе го одржуваат помеѓу возилата на електричен погон и традиционалните возила.

- 4. Можете ли да дадете преглед на пристапот на Олимпиа Моторс Аутлет во однос на електричните возила? Како застапништвото ја прифати зголемената побарувачка за електрични возила?
- Олимпиа Моторс Аутлет е компанија која своите работни процеси ги гради врз основа на принципите на одговорност и грижа на купувачите, општеството и животната средина. Свесни за забрзаниот технолошки развој и поголемата застапеност на е-возилата, ние се одлучивме да бидеме во чекор со промените. Затоа креиравме понуда од различни модели на електрични возила, а наша примарна мисија стана да поставиме нови стандарди при купување на електрични автомобили. Наша визија е да станеме водечки и иновативен бренд кој ќе им пружи на клиентите најдобри решенија за нивните барања и заедно да работиме на промените во навиките.
- 5. Неодамна ја претставивте вашата нова кампања „Е-лето со е-навики“. Може ли да ни кажете за што станува збор?
- На нашиот пазар вистински не постоеше барање и понуда на електрични возила, но Олимпиа Моторс Аутлет реши да биде компанијата која што ќе ги внесе промените. Решивме да ги донесеме светските трендови и кај нас и да им го понудиме на нашите купувачи вистинското искуство кое го бараат. Во таа насока и ја отпочнавме нашата нова кампања „Е-лето со е-навики“. Со оваа кампања сакаме да им ги претставиме електричните возила на нашите клиенти, да ги покажеме предностите кои тие ги нудат. Иднината е во електричните возила и затоа доколку навремено инвестираат во нив, инвестицијата ќе им се исплати и ќе им донесе одлични поволности. Додатно во рамките на кампањата, Олимпиа Моторс Аутлет на сите купувачи им нуди еколошки бонус во вкупен износ од 25000 евра во зависност од моделот. Тие можат да се одлучат за електричните модели на Fiat, Оpel, MG или Tesla. Еколошкиот бонус служи како поттик, но и олеснување за сите купувачи да внесат промена во нивното живеење ова лето. На тој начин, креираме лето полно со поволности,нови навики, одлични заштеди за купувачите, а во исто време носиме придобивки за животната средина за овие, но и за сите идни генерации.