Бизнис

ЕВН Македонија како главен двигател за обновлива иднина

Групација на обновливи извори на енергија

Економија и бизнис | печатено издание | март 2023г.

ЕВН не е само водечка компанија за електрична енергија во Македонија. Како и целата меѓународна ЕВН групација, оваа компанија исто така следи амбициозен пат кон поголем удел во обновливите извори на енергија во производството и снабдувањето на корисниците.

ЕВН Електрани како лидер на пазарот за производство на електрична енергија од обновливи извори
ЕВН Електрани е најголемиот приватен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори во Македонија. Компанијата управува со 11 мали хидроцентрали кои се ревитализирани и целосно автоматизирани. Нивниот вкупен инсталиран капацитет е 47 MW.

Во рамките на палетата на услуги, ЕВН Електрани располага и со понуда за фотоволтаични системи по принципот „клуч на рака“. За своите потреби, компанијата е во процес на проширување на фотоволтаична инфраструктура со цел достигнување на инсталиран капацитет од 60 MW до 2025 година. Целосното производство на електрична енергија од електраните на ЕВН исклучиво се обезбедува од обновливи извори на енергија, што значи дека компанијата потполно се придржува до концептот за одржливост и обновлива енергија.

ЕВН Снабдување е првиот снабдувач во Македонија кој нуди сертифицирана „зелена електрична енергија“
Северна Македонија не учествува во системот на ЕУ за тргување со емисии и сертификати за потекло. Токму затоа ЕВН Македонија заедно со меѓународно признатата ревизорска куќа „Price Waterhouse Coopers (PwC [ПВК])“ има развиено систем за утврдување на потекло и отсуство на количини на CO2 кои се набавени за поединечни клиенти. Ваквите количини се произведени од страна на ЕВН Електрани и исклучиво продадени на ЕВН Снабдување. Постапката се ревидира согласно барањата на ISAE 3000, имајќи го предвид и задолжителниот удел на обновливи извори што се добива од МЕПСО.
Клиентите добиваат месечна „Декларација за потекло“ од ЕВН и на крај на периодот на испорака ПВК (PWC) ги проверува сите испратени декларации и ги верификува дали се совпаѓаат со официјалните бројки и податоци за произведена и продадена енергија од ЕВН Електрани на ЕВН Снабдување.
Дополнително, во 2022 година ЕВН Снабдување има склучено повеќе од 130 договори за откуп на електрична енергија со мали независни производители на електрична енергија од обновливи извори, претежно фотоволтаични централи со месечен капацитет од над 6 000 MWh. Заедно со електричната енергија набавена од ЕВН Електрани, ЕВН Снабдување е најголемиот продавач на електрична енергија од обновливи извори во Македонија.

Решение за сопствено произведената фотоволтаична енергија во различни простории
ЕВН преку новото ФВ-мрежно решение нуди можност за користење на вишокот производство на еден простор со цел снабдување на друг простор на истата компанија. Со вакво решение, употребата на енергија произведена од сопствени фотоволтаици драстично расте, а инвестицијата во фотоволтаични централи станува уште поатрактивна.

ЕВН Снабдување како сигурен партнер во тешките времиња на енергетската криза
ЕВН се покажа како сигурен партнер во актуелната енергетска криза. Ниеден договор не беше раскинат или претрпе неповолни промени на условите за корисниците. Во последниве месеци, нашите клиенти постојано имаат придобивки од нашите спот (ѕpot) засновани цени кои се пониски во споредба со некои договори со фиксни цени кои биле понудени изминатата есен според високите пазарни цени.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано