Економија

КОНЦЕПТИ: Парето ефикасност

26.12.2022г.

Еден од најбитните концепти кога станува збор за размислување за пазарите во економијата е идејата за Парето ефикасност. Распределбата на ресурсите е Парето ефикасна ако не е можно да се подобри состојбата на некого, без притоа да се влоши состојбата на некој друг.

Парето ефикасноста е основана од италијанскиот економист Вилфредо Парето. Овој концепт се применува во неокласичната економија, како и при перфектно конкурентни пазари, за да се открие нивната ефикасност. Хипотетички гледано, тоа значи дека во присуство на совршена конкуренција и најоптимално искористување на ресурсите, секој човек би го водел најдобриот животен стандард. Ефикасноста на Парето доби важност во економијата бидејќи во реалноста е речиси невозможно да се спроведе каква било општествена промена, пример промена на монетарната политика, без да се задржи барем еден поединец да премине во полоша ситуација. Парето подобрување се случува кога има промени во распределбата на ресурсите кои не му штетат на никого, но го подобруваат животот на барем едно лице, под услов стоката да се распредели на група на лица. Оваа теорија покажува дека подобрувањата на Парето ќе продолжат да имаат додадена економската вредност се додека не се влезе во парето рамнотежа, каде не се возможни повеќе парето подобрувања. Бидејќи парето-ефикасноста не означува еднаквост и не ја зема предвид јавната благосостојба, економијата на благосостојбата вели дека може да се достигне позиција на парето-ефикасна алокација во конкурентна пазарна рамнотежа со правење трансфери на богатство.

На пример, да претпоставиме дека двајца колеги одлучуваат за доручек да поделат пита бурек. И двајцата се многу гладни што би сакале сами да ја изедат целата пита, но во интерес на правичноста одлучено е секој да земе половина од питата. Дали е ова Парето ефикасна распределба на пита? Да! Единствениот начин да се подобри состојбата на еден од нив, односно единствениот начин на кој едно лице може да има повеќе од питата, е да се влоши состојбата на другиот - со одземање парче од неговата половина. Во друга ситуација, наместо да ја поделат питата на половина, едниот добил само едно парче, а другиот го добил остатокот. Ова секако дека не е фер поделба, но и оваа поделба е Парето ефикасна. Повторно, не постои начин едниот колега да добие повеќе бурек, без да се земе од делот на другиот. И во овој случај дистрибуцијата на бурекот е Парето ефикасна, иако можеби не изгледа многу фер.

Поентата не е дека ефикасноста на Парето е најдобрата распределба, туку дека штом ќе се постигне ефикасна распределба, треба да започне процес на влошување на состојбата на некои луѓе за на другите луѓе да им биде подобро. Ова вклучува компромиси или откажување од нешто вредно, или со други зборови, ако распределбата е Парето ефикасна, тоа значи дека не се можни подобрувања. Подобрувањето на Парето е промена во распределбата на ресурсите така што барем на едно лице е подобро, а на никој друг не му е полошо. Во контекст на распределбата на богатството треба да се потсетиме на приказната за Робин Худ, кој крадел од богатите за да им го даде на сиромашните. Ваквата политика не би била одобрена од страна на Парето врз основа на размислувања за ефикасност. За да се зголеми благосостојбата на сиромашните, Робин Худ бил подготвен да ја намали благосостојбата на богатите, што значи дека со прераспределбата не се подобрува Парето ефикасноста. Се разбира, Робин Худ веројатно немало да ја искористи ефикасноста како аргумент за да ги оправда своите дела!

Настрана од апликациите во економијата, концептот на Парето подобрувања може да се најде во многу научни области, каде компромисите се симулираат и проучуваат за да се одреди бројот и видот на прераспределба на променливите ресурси, неопходни да се постигне Парето ефикасност. Во деловниот свет, менаџерите на фабриките може да водат тестови за подобрување на Парето, во кои тие ги прераспределуваат ресурсите на работна сила за да се обидат да ја зголемат продуктивноста на работници кои пакуваат, без притоа да ја намалат продуктивноста на работниците за транспорт.

ПРЕПОРАЧАНО