Економија

Анализа на депозитни институции

09.09.2022г

Кога станува збор за вкупниот долг кој циркулира во депозитните институции, често има различни толкувања за нивото на побарувања и нивото на депозити. Скоро секоја економија има свои специфики во зависност од поставеноста на монетарнта економија, економскиот циклус во кој се наоѓа одредена економија (дали тоа е економски просперитет или рецесија), адекватноста на капиталот на банките, висината на каматните стапки и ред други специфики кои го одредуваат нивото на задолженост. Притоа, под депозитни институции спаѓаат централната банка, банките и штедилниците. Сите тие заедно со вкрстени трансакции го сочинуваат домашното кредитирање, а преку статистичкиот преглед на НБРСМ може да ги издиференцираме најбитните компоненти за подобро да ги визуелизираме  тековите.

  • Извор: НБРСМ, податоците се искажани во милиони денари

 

Со цел да имаме податоци и од тековната година, во анализата е претставена состојба со полугодишни податоци во последните 5 години. Дел од заклучоците кои што може да се сублимираат се следните:

 -          Вкупното ниво на кредити е во континуиран пораст во анализираниот период, при што салдото со месец јуни 2022 година изнесува 472 милиони МКД. Споредбено тековна со претходна година, најголем процентуален пораст бил остварен во 2022 година, кога нивото на кредити се зголемило за 23%. Ова е драстично зголемување ако се земе во предвид фактот што предходно растот се движел во распон од 3-13%.

-          Процентуалното учество на приватниот сектор е доминантно во вкупната пропорција на кредити со 87%. На второ место е централната влада со 11.8%, додека останатите извори се со “маргинална” големина.

-          Во 2022 година евидентиран е рапиден пораст на нето побарувањата од централната влада, а апсолутниот пораст е над 51 милион денари. Она што е интересно кај оваа категорија е цикличното движење, со оглед на тоа што во 2 наврати (2018 и 2020 година) забележано е намалување на вкупната бројка.

-          Од аспект на НБРСМ и нивниот сооднос со централната влада ситуацијата е следна: Владата во континуитет има повеќе депозити отколку обврски кон централната банка. Најнискиот износ на позитива е остварен во 2022 година со ниво од 17.4 милиони МКД.

-          Од друга страна централната влада е нето должник кај ОДИ(останати депозитни институции), каде својот пик го достигнува во 2021 година со ниво на обврски од 74.6 милиони МКД, додека во 2022 година евидентиран е минимален пад во апсолутен износ од 950.000мкд.

-          Износот на побарувања од локалната самоуправа од 1 милион мкд и износот на побарувања од јавните нефинансиски институции од нешто над 2.4 милиони мкд се  едни од најниските ставки во мозаикот.

-          Во однос на приватниот сектор значително е да се нагласи дека 99.7% од неговите обврски се насочени кон ОДИ. Останатите 0.3% се долг кон НБРСМ. Ваквата слика јасно става до знаење каде е сегментиран ризик факторот и ова треба да биде школски пример за правилна распределба на обврските.  Она што загрижува е континуираниот пораст на задолженоста на приватниот сектор од скоро 1% во изминатите 5 години, а во апсолутна бројка таквиот пораст споредбено 2017 со 2022 година изнесува над 121 милион МКД.

-          Исто така и останатите финансиски институции ја зголемуваат својата должничка позиција кај ОДИ, иако нивото од 2.6 милиони МКД е сепак релативно ниско.


(редакција Е&Б)

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано