Економија

Панел дискусија на тема: Владеење на правото за економски раст во Северна Македонија

21.06.2022г

Делегацијата на германското стопанство и Македонско-Германското стопанско беа домаќини на првата панел дискусија на тема: „Владеење на правото за економски раст во Северна Македонија“

Говорници на панелот беа Бојан Маричиќ, Заменик претседател на Владата за европски прашања, Никола Тупанчески, Министер за правда, Александар Шопов, Судија при Основен Суд Велес, Игор Александровски, Адвокат, Емилија Спировска, Член на Управен одбор на ПроКредит банка и Јелисавета Георгиева-Јовевска, Медијатор. 

Модератор на настанот беше адвокатот, Емилија Келешоска Шољаковска.


Настанот го отвори Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство и Ото Граф, Заменик германски амбасадор во земјата.

Делегацијата на германското стопанство и Македонско-Германско стопанско здружение веќе 17 години по ред ја спроведуваат анкетата за деловната клима во Северна Македонија.

За жал и оваа година со најслаба оценка беше оценета првната сигурност од страна на претставниците на стопанството- соопшти Патрик Мартенс, директор на  Делегацијата на германското стопанство.

„Воедно во изминатите години се соочивме со повеќе барања од страна на компании-членки кои имале проблем со спроведување на закони, барање на поткуп, одложувале на судски спорови.

Не радува слухот на Владата со која веднаш по излегувањето на овие резултати наидовме на заедничко гледиште дека во најкус рок треба да се организира овој панел на кој ќе им се даде можност на претставниците од стопанството да информираат за предизвиците со кои се соочуваат во праксата“.

 

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Маринчиќ говореше за транспарентноста и правна сигурност, како и за доближувањето на земјата до европското законодавство, мерките кои се преземаат за сузбивање на корупцијата и криминалот во стопанството.

Министерот за правда, Тупанчевски, говореше за дигитализацијата во судството и придобивките во однос на транспарентноста и намалувањето на корупцијата.

Судијата Шопов информираше за најголемите предизвици во судството  за стопанствениците. Тој порача дека законите во земјата се мошне добри, голем дел од нив се прилагодени на европското законодавство, но промените настануваат со честите законските измени од кои честопати нема потреба.

 

Адвокатот Александровски, кој застапува повеќе германски инвеститори, ги сподели најголемите предизвици со кои се соочил и презентираше конкретни предлози како може некои процеси и процедури да се поедностават за компаниите-инвеститори.

 

Емилија Спировска, Член на Управен одбор на ПроКредит банка го презентираше законот за перење пари и неговата примената во праксата.

На крајот говореше и Јелисавета Георгиевска, медијатор. Георгиевска говореше за успешноста на медијацијата во Северна Македонија, дали е популарна таа алатка, кои правни механизми може да примени има еден медијатор.   

Претставниците на бизнис заедницата ја поздравија оваа инцијатива и порачаа наесен да се одржи следниот панел на истата тема на кој ќе може да се направи анализа на сработеното.

ПРЕПОРАЧАНО