Економија

Како се “билда” државниот буџет?

19.04.2022г.

Буџетот на државата е нешто налик на фамилијарниот буџет. Има приходна страна со ограничени приливи и неизмерно широка расходна страна, со огромен број непредвидливи трошоци. Од аспект на државниот буџет ке направиме анализа на остварените приливи низ изминатите 5 години, а како основа ќе ни послужат објавените податоци од министерството за финансии.

*Буџетски приходи по категории (во милиони денари)

Од горната табела може да се забележи дека вкупните приходи имале тенденција на пораст од 2016 до 2019 година, додека пак во 2020 тој тренд е нарушен. Минатата година повторно е реализиран пораст на вкупните приходи од 15%, што претставува и најголем раст во изминатите 5 години. Од аспект на поединечните приливи, најголемо учество имаат даночните приходи, кои во 2021 година партиципирале со 57.5%.  Таквото учество е второ по големина во оваа серија, со тоа што даночните приходи имале најголемо процентуално учество во 2018 година со 60%. Социјалните придонеси се единствената ставка која во континуитет има прогресивен пораст и покрај последните 2 кризни години. Соодносот помеѓу даночните и неданочните приходи бил најмал во 2018 година, а најголем во 2020 година. Она што е доста битно е дека во 2021 година сме имале највисоко остварено ниво на приходи во апсолутен износ, што предходело на историски (во последните 5 фискални години) највисоки даночните и социјални приходи. Сите други приходни страни имале поголеми вредности во годините пред тоа. Така, странските донации биле највисоки во 2017 година, приходите од наплатени заеми во 2016, додека капиталните и неданочните приходи во 2019 година.

Во проектираниот буџет за 2022 година вкупните приходи се значително зголемени, односно планирано е да достигнат сума од 239 милиони денари. Сите ставки планирано е да имаат свое поединечно зголемување, освен странските донации каде се очекува мал пад во апсолутна вредност.

*Износите се прикажани како процентуална вредност од вкупните даночни приходи

Во табелата погоре прикажана е структурата на даночните приходи, како најголема ставка во вкупните приходи, според процентуалната застапеност во последните 3 години(како репрезентативен примерок). Она што може да се констатира е дека владата главно ќе се потпира на приходите од данок на додадена вредност, кои го имаат и најголемиот пораст во однос на предходната година, за 2,7%. Покрај нив, втората по големина категорија се акцизите. Таму владата проектирала минимален пораст во однос на 2021 година, но сепак процентуалната застапеност ќе биде помала од 2020 година. Овие две ставки ќе сочинуваат 67,8% од вкупните даночни приходи.

 

Што се однесува пак до социјалните придонеси ситуацијата е следна:

*Износите се прикажани во апсолутна вредност (милиони денари)

Доминантниот претставник во оваа категорија е приходот од придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, каде проектиран е “влез” од нешто повеќе од 50 милиони денари, што од друга страна претставува 1/5 од вкупните буџетски приходи. Сите три ставки од социјалните придонеси имаат нагорен тренд во прикажаниот период од 3 години.

Во најопшта смисла буџетот би требало да претставува договор помеѓу граѓаните и државата, кој го прикажува прибирањето ресурси и нивна распределба со цел обезбедување јавни услуги. Буџетот е централен акт преку кој владите ги прикажуваат плановите за постигнување на своите цели, а покрај финансирањето на новите и постоечките проекти, буџетот е примарен инструмент за спроведување на фискалната политика.


(Редакција Е&Б)

ПРЕПОРАЧАНО