Економија

Гацов: Ќе дојде до анулирање на изгубеното во економијата и стапките на раст ќе го повратат оптимизмот и ќе создадат услови за негово забрзување

Што очекувате од 2022 година?

Павле Гацов, даночен советник

Во 2022 година влегуваме со пренесени состојби и трендови од претходната година. Во тој контекст се пренесени здравствените и економските предизвици од изминатите две години. Две илјади дваесет и втора година ќе биде втора по ред „година на санирање“ во рамките на процесот на враќање на претпандемиската состојба во македонската економија. Во првата половина од годината очекувам да продолжи неизвесноста поврзана со пандемијата и започнатиот процес на економско заздравување. Зависно од закрепнувањето на економиите на ЕУ-државите, во втората половина на 2022 година е извесно враќањето на патеките на позитивен стопански раст мерено во однос на 2019 година, особено во извозниот и услужниот сектор.
Ќе дојде до анулирање на изгубеното во економијата и стапките на раст ќе го повратат оптимизмот и ќе создадат услови за негово забрзување. Стабилизирањето на економските текови и враќањето на патеките на растот ќе создаде услови за отворање на процесот на фискална консолидација и посветеност на вистинските структурни реформи, нагласувајќи ја дигитализацијата и борбата против сивата економија.

ПРЕПОРАЧАНО