Економија

Петревски: И во 2022 година ќе продолжиме да се мачиме со истите фундаментални проблеми

Што очекувате од 2022 година?

Горан Петревски, редовен професор на Економскиот факултет, УКИМ

Очекувам дека и во првата половина од следната година ќе се „плеткаме“ со последиците од епидемијата поради што закрепнувањето на економијата нема да биде спектакуларно. Тоа, пак, неизбежно ќе има ефекти врз фискалната политика која ќе остане „лабава“. Меѓутоа, ако ги оставиме овие краткорочни движења настрана, очекувам дека и во 2022 година ќе продолжиме да се мачиме со истите фундаментални проблеми како: партиската зависност и неефикасност на судството, големата и неефикасна државна администрација, преголемата регулација на бизнисот, мешањето на владата во економијата, слабото образование, иселувањето, корупцијата на високо ниво итн. Епидемиите и кризите доаѓаат и си одат, но (не)решавањето на овие проблеми ги прави земјите успешни или неуспешни. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано