Економија

Поповски: Нееднаквоста во дистрибуцијата на доходот ќе продолжи да се продлабочува во корист на технолошки и економски најразвиените земји

Што очекувате од 2022 година?

Никола Поповски, професор

Искрено, не очекувам ништо значајно. Ковид епидемијата и понатаму ќе биде главниот општествен проблем во светот, а со него и вкупните здравствени предизвици насекаде. Како последица на тоа економиите ќе стагнираат. Растот од 2021 година се базираше на остриот пад во 2020 година, но во 2022 година ќе мора да се создаде некоја многу поинаква општествена атмосфера за тој да се случи. Во тоа исто не верувам бидејќи недоволната понуда ќе опстане, побарувачката ќе биде променлива и затоа дефицитите и долговите ќе растат, инфлацијата и понатаму ќе се заканува, а стандардот нема да има значителни промени. Како резултат на енергетската криза во светот, „замрзнувањето“ на СО2 емисиите нема да се случи, дури и спротивно (во Македонија, на пример, таа тенденција е очигледна), а одмрзнувањето на глобалниот мраз ќе продолжи. Нееднаквоста во дистрибуцијата на доходот ќе продолжи да се продлабочува во корист на технолошки и економски најразвиените земји и на најбогатите 1 % и 10 % од светската популација врз грбот на посиромашните 50 % и 70 % од неа. Буквално истите тенденции ќе бидат и во Македонија. Веројатно ќе сфатиме и дека нашата ЕУ-перспектива е завршена, не по наша вина. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано