Финансии / Банкарство

Народна банка: Во третиот квартал од 2021 година, во тековните трансакции со нерезидентите е остварен суфицит од 98 милиони евра

Позначајни движења во платниот биланс во третиот квартал од 2021 година 

  • - Во третиот квартал од 2021 година, во тековните трансакции со нерезидентите е остварен суфицит од 98 милиони евра. Ова е резултат на нето-приливите остварени кај секундарниот доход (584,7 милиони евра) и размената на услуги (141,9 милиони евра). Во споредба со истиот квартал од минатата година, салдото на тековната сметка е подобрено за 148,7 милиони евра.
  • - Кај финансиските трансакции со нерезиденти, во третиот квартал од 2021 година се остварени нето-одливи од 146,3 милиони евра: Нето-одливите се во најголем дел резултат на портфолио-инвестициите (477,4 милиони евра), заради отплата на третата еврообврзница во јули. Нето-приливите се резултат на специјалните права на влечење (163,4 милиони евра), износ доделен во рамките на новата општа распределба на СПВ на ММФ и директните инвестиции (15,5 милиони евра).

Повеќе на: https://www.nbrm.mk/.../PB/2021/Soopstenie_PB_9_2021.pdf

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано