Економија

На Германија ѝ недостасуваат 400 000 имигранти годишно поради недостиг од работна сила

блиц свет

На Германија ѝ требаат околу 400 000 квалификувани имигранти годишно за да го надомести недостатокот на работна сила, констатираше во една изјава шефот на Федералната агенција за вработување Детлеф Шиле, потенцирајќи притоа дека неговата забелешка не се однесува на азилот како форма за пополнување на оваа празнина, туку за насочената имиграција за празнините на пазарот на трудот. „Можете да станете и да кажете − не сакаме странци, но тоа нема да функционира, факт е дека Германија има потреба од работници и тоа од нега и климатизација, па сè до логистичари и академски граѓани – насекаде ќе има недостаток на квалификувани работници“, ијави Шиле. Поради демографските случувања, само годинава бројот на потенцијални работници на потребната професионална возраст (работоспособни) ќе се намали за речиси 150 000. „Германија може да го реши проблемот само со квалификација на неквалификуваните работници и лицата чии работни места се изгубени поради технички промени; дозволувајќи им на женските хонорарни работници да работат подолго, како и преку внесување имигранти во земјата“, изјави Шиле.

ПРЕПОРАЧАНО