Општество

Георгиев: 2021 година ќе биде поттик на светско, а потоа и на национално ниво да се преобмислат здравствените системи

Што очекуваат од 2021 година?

Гордан Георгиев, политиколог:

Пандемијата покажа дека луѓето сепак повеќе го сакаат животот, отколку смртта. Поаѓајќи од оваа веќе конфирмирана претпоставка (која не беше баш најјасна на почетокот на кризата и неверојатното индолентно однесување на луѓето и на владите, особено во САД), 2021 година ќе помине во знакот на славење на животот. Секако, ќе ги броиме и жртвите, најмилите или на најмилите најмилите што прерано заминаа, и ќе ги лечиме остатоците од вирусот во поглед на психози и на депресии. Но, на индивидуално и колективно ниво, 2020 година ќе ја прогласиме за нулта година и врз основа на неа ќе го градиме оптимизмот за иднината. Исто така мислам дека 2021 година ќе биде поттик на светско, а потоа и на национално ниво да се преобмислат здравствените системи на еден потемелен и долгорочен начин со што здравствените системи би биле поотпорни на евентуални идни потреси од овој тип, иако тоа веројатно ќе подразбира и зголемување на даноците и проширување на она што го нарекуваме „држава на благосостојба“. 

ПРЕПОРАЧАНО