Општество

Георгиева: Сите очекувања и предвидувања за идната година се условени од здравствената криза

Што очекуваат од 2021 година?

Лидија Георгиева, дизајнер, редовен професор:

Убедена сум дека не сум единствена ако кажам дека без разлика за кој сегмент од животот зборуваме, сите очекувања и предвидувања за идната година се условени од здравствената криза. Нашата мобилност и слобода на движењата се директна последица, па така паралелно со напредокот во медицината се надевам и очекувам постепено враќање во нормала. Сега повеќе од кога било се виде колку се важни постапките на сите нас, на глобално ниво, но воедно се покажа дека не можеме да сметаме на масовна самосвест и одговорно однесување, па затоа и спасот од оваа ситуација без преседан го гледам во науката.
Конкретно во модната индустрија и дизајнот годинава се случи еден повик за будење (wake up call) со големи поместувања во начинот на работа, односот кон загадувањето кое го врши модната индустрија (особено брзата мода) и се бележи голем напредок во правец на заштита на животната средина. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и понатаму.

ПРЕПОРАЧАНО