Финансии / Банкарство

Суџубаши: Спремни сме да се соочуваме повторно со една прилично тешка година

Што очекуваат од 2021 година?

Билал Суџубаши, генерален извршен директор на „Халк банка“ АД Скопје:

Гледано кон 2021 година, може да очекуваме значително подобрена можност за справување со пандемијата ковид-19. Вакцинацијата веќе е започната и од неа се очекува да даде свој придонес кон справувањето со овој глобален здравствен проблем. Но, со оглед на тоа што пандемијата не е само здравствен проблем туку и сериозен импликатор на големи проблеми во бројни други сфери од нашето живеење и дејствување, на глобално ниво, спремни сме да се соочуваме повторно со една прилично тешка година. Можеби светот нема се соочува со рецесија според официјалната дефиниција за рецесија, но таа веројатно прилично ќе биде почувствувана низ целиот свет.
„Халк банка“ АД Скопје како стабилна финансиска институција, за 2021 година, ќе се води кон своите стратешките цели за: задржување на позицијата на една од водечките банки, остварување стабилен раст, реализирање значајни проекти за општеството, за реалниот сектор, за екологија и младина, и за одржливо ниво на профитабилност.

ПРЕПОРАЧАНО