Финансии / Банкарство

Стојановски: Последиците од кризата ќе се чувствуваат на подолг рок

Што очекуваат од 2021 година?

Тони Стојановски, генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управен одбор на Стопанска банка АД - Скопје:

Сите очекувања се дека во 2021 година ќе започне процес на нормализација на севкупното живеење преку постепено смирување на здравствената криза. Тоа ќе отвори пат кон закрепнување на економиите, како на глобално ниво така и кај нас. Сепак, последиците од кризата ќе се чувствуваат на подолг рок со сите предизвици кои тоа ги носи со себе и со кои носителите на економските политики и бизнисите ќе мора да се соочат. Високото ниво на неизвесност со кое денес се соочуваме ќе продолжи и во добар дел од наредната 2021 година, што кај бизнисите наметнува неопходност од перманентно преиспитување на бизнис-стратегиите и плановите за работа и динамични, но исклучително внимателни одлуки. Треба да се очекува дека банките, исто како и во текот на 2020 година, ќе продолжат со соодветна кредитна поддршка на бизнисите и на населението, што е исклучително важно во процесот на економско закрепнување.

ПРЕПОРАЧАНО