Финансии / Банкарство

Емил Јакимов: ИСДА-имплементација, значење и придобивки за развој на тргувањето со финансиски инструменти

Емил Јакимов

Авторот е поранешен претседател на АЦИ Македонија ЗФП Директор за управување со средства, ликвидност и тргување ХАЛК БАНКА АД Скопје

Интенцијата на сите сериозни финансиски системи е следење на модерните практики и светски трендови во користење нови финансиски инструменти во континуитет. За таа цел неминовно е стратешки да се канализираат сите предуслови во однос на контролирана либерализација на потребните законски норми за да се обезбеди адекватна рамка за развој на националниот финансиски пазар во доменот за тргување со финансиски инструменти. Бенефитот како единствена придобивка за банките и финансиските институции дефинитивно би обезбедил софистицирана основа за активно и прудентно располагање и управување со средствата и, што е особено значајно, можност за понуда и експертски консталтинг на клиентите за нови можности во однос на нивните финансиски конструкции, интерес и потреби (hedging instruments и/или investment tailor made products).

Основа за користење на изведените финансиски инструменти-derivatives и сл., покрај споменатата адекватна законска инфраструктура, мандатно претставува правна рамка како иницијална потреба при склучување на соодветните трансакции.
Во таа насока имплементацијата на ИСДА-договорите треба да се третира како потреба со висок приоритет. Што побрзо зачленување на земјава и на македонските банки во ИСДА (International Swaps and Derivatives Association) ќе овозможи позитивен тренд на финансиските пазари во доменот на користење и за развој на изведените финансиски инструменти кои ќе ги користат нашите банки за работење во земјава и во странство. Новите можности за инвестирање со преминувањето на земјава во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) и поголем степен на интеграција на домашниот финансиски пазар со меѓународните финансиски пазари придаваат дополнителена вредност во однос на поскоро регулирање на оваа проблематика.

Имајќи го предвид горенаведеното, а со цел целосна функционалност и поддршка на стабилноста на банкарскиот систем во земјава, а следејќи ги меѓународните практики, секогаш кога македонските банки работат со деривативи, договори за откуп или други соодветни трансакции (со локални или со меѓународни банки или корпорации), аранжманите за пребивање со затворање, генерално, треба да бидат заштитени, т. е. дури и кога нема аранжман за договор за финансиски колатерал. Ова предвидува изменување и дополна на Законот за стечај и/или Законот за финансиско обезбедување за адекватно дефинирање на регулативата за пребивањето со затворање. Овие законски измени се потребни за да се направи пребивањето со затворање да биде адекватно во случај на стечај.

Клучните придобивки, економски и правни, на пребивањето со затворање претставува полесно и економски ефикасно управување со изложеноста на ризик за бизнисот (финансиски и нефинансиски придобивки), поевтиниот пристап до финансиските пазари не само во поглед на работа со деривативи, но истовремено и на пазарот за кредитирање, како и поголема правна и регулаторна сигурност за финансискиот сектор. Од системски аспект, овие придобивки водат до постабилен банкарски систем и генерално поконкурентна економија без оглед на тоа дали станува збор за мала држава или за врвна светска економија.

Сите сме сведоци за активниот третман од страна на пазарните учесници веќе подолго време во однос на релевантните аспекти на „наметнатото“ протоколарно законодавство на ЕУ (последователно како регуларна активност и посткризна мерка), кое исто така е особено значајно за деривативите и за активностите со трансакциите за финансирање на хартии од вредности како што се: EMIR – Европската регулатива за пазарна инфраструктура, Директивата и рамковната регулатива за пазари на финансиски инструменти (MiFid 2 и други), Регулативата за трансакциите на финансирање хартии од вредност и други.

Во финансиската и правната практика, пребивањето со затворање претставува договорен аранжман во билатералните рамковни договори за деривативи, трансакции со хартии од вредност и други соодветни финансиски трансакции како што се: ИСДА рамковниот договор, Генералниот репо договор, Европскиот рамковен договор, локални соодветни договори и сл., кои се склучуваат меѓу две банки или банки и други финансиски институции (осигурителни компании, пензиски/инвестициски фондови итн.), корпоративни договорни страни, централни банки и сл.

Целта на пребивањето со затворање е да се заштити договорната страна во случај на неисполнување на обврските на спротивната договорна страна преку ограничување на изложеноста на другата договорна страна која ги исполнува обврските на кредитниот ризик на договорната страна која не ги исполнува обврските, само на „нето“ износ.

Македонија во однос на деривативи, трансакции на финансирање хартии од вредност или други соодветни финансиски трансакции нема забрана, но моментално нема соодветно законодавство кое ги штити билатералните пребивања со нивно затворање.

Инаку Македонија е веќе мапирана како земја од регионот која треба да биде примена во ИСДА. Заложбата на АЦИ Македонија ЗФП како главен иницијатор пред повеќе години ќе биде секогаш на позитивната страна како промотор и поддржател на процесот при што институционално преку Македонската банкарска асоцијација во координација со Министерството за финансии и со НБРМ, и во соработка со регионалните претставници на ИСДА, како и со обезбедена техничка поддршка од ЕБОР, како најадекватен систем ќе бидат соодветно систематични и истрајни за негова конечна реализација како интерес за сите пазарни учесници и последователно за развој на финансискиот пазар во овој домен.

(Економија и бизсни, печатено издание, мај 2019г.)

ПРЕПОРАЧАНО