Економија

ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ - Безбедност на бизнисите во дигиталната ера

Терминот дигитализација е сѐ поприсутен околу нас, тој eсиноним за трансформација на општеството, на процесите, бизнисите, на начинот на деловното работење

Дигитализација е претстојниот нов, голем, значаен и неодминлив формат на времето во коешто сме, особено на она што допрва доаѓа. Тој подеднакво ги засега и корисниците и давателите на услуги и тоа е вистинската новина, промена, поместување на старите стандарди и практики за постоење на две одделни заемно зависни страни. Дигитализацијата е обединување на овие две страни – споделено задоволство од континуирано функционирање на услугите. На оние што ги „нудат“ и на оние што ги „уживаат“.

Сите сме впуштени во дигиталниот океан кој не бара специјални подготовки за тоа, но, и не ветува заштита. Безбедноста на податоците со кои се впуштаме во него е приоритет број еден, особено за бизнисите, а едно од решенијата за тоа се дигиталните сертификати.

Што е дигитален сертификат за потпис?

Дигитален сертификат за потпис е наменет за потпишување на документи кои се издаваат во електронски облик. Со него се потврдува идентитетот на корисникот и веродостојноста на испратениот документ, наједноставно кажано – електронската комуникација станува безбедна. Дигиталниот сертификат овозможува автентичен и веродостоен потпис, замена за своерачно потпишување при работа со електронски документи. Исклучително е корисен при учество на тендери и јавни набавки, користење на дигиталната платформа на Царината, електронско поднесување ДДВ пријави и даночни биланси, поднесување завршни сметки, издавање електронски одобренија итн. Дигиталниот океан е полн со ризици и злоупотреби на податоците без дозвола. „Пливаат“ сите, а за да ги заштитиме својот простор и улога, неопходна ни е високопрофесионална доверливост. Македонски Телеком е компанија со изградена инфраструктура на јавни криптографски клучеви (Public Key Infrastructure – PKI) и е регистриран издавач на сертификати (CA – Certificate Authority), согласно законите во РМ и ЕУ стандадите, уште од 2006 г. Тоа значи, сигурен партнер во океанот, како за физичките, така и за правните лица.

Од кого зависи дигитализацијата?

Дигитализацијата е неминовен процес, кој зависи од самите бизниси, но треба да се оствари по мерка на загарантирана сигурност и безбедност. Вистинско придвижување кон дигитализација е избор на вистински партнер, кој нуди сигурна инфраструктура, одржување и поврзување и заштита на податоците. 

ПРЕПОРАЧАНО